Промоција на книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од Андон Мајхошев
- Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе ја промовира книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од проф. д-р Андон Мајхошев.
Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе ја промовира книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од проф. д-р Андон Мајхошев.
Промотори на книгата ќе бидат деканот и продеканот на Правниот факултет на УГД-Штип - проф. д-р Билјана Тодорова и проф. д-р Страшко Стојановски, а
извадоци од книгата ќе читаат студенти од Факултетот.
-По завршувањето на промоцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од ТК „Македонка“, која го прикажува историскиот развој на работниот колектив. Автор на изложбата е проф. д-р Андон Мајхошев, соопшти Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. хс/ац/
Фото: МИА архива